Во мај 2016 година во Турција се регистрирани 20 милиони 456 илјади 556 возила

Турскиот институт за статистика (ТУИК) ги соопшти податоците  во врска со регистрираните моторни возила во собраќајотво Турција во месец мај 2016 година

528085
Во мај 2016 година во Турција се регистрирани 20 милиони 456 илјади 556 возила

Бројот на регистрирани возила во сообраќајот во Турција во мај 2016 година во споредба со минатиот месец (април) забележа раст од 0,5-отсто и се зголеми на 20 милиони 456 илјади 556.

Турскиот институт за статистика (ТУИК) ги соопшти податоците  во врска со регистрираните моторни возила во собраќајот во Турција во месец мај 2016 година.

Според тоа заклучно со крајот на месец мај 2016 година во Турција се регистрирани вкупно 20 милиони 456 илјади 556 моторни возила од кои 53,2-отсто се автомобили, 16,3-отсто камионети, 14,5-отсто моторцикли, 8,5 отсто трактори, 4-отсто камиони, 2,2-отсто минибуси, 1,1-отсто автобуси и 0,2-отсто возила за специјална намена.

60,4-отсто од возилата регистрирани во сообраќајот се состојат од автомобили, а потоа со 14,7-отсто следат камионети, 14,3-отсто моторцикли и 6,4-отсто трактори. 4,2-отсто од возилата пак се минибуси, автобуси, камиони и возила за специјална намена.

39,9-отсто од приближно 11 милиони автомобили регистрирани во сообраќајот се на плин, 32,5-отсто на дизел, 27,2-отсто на бензин.

16,5-отсто од 71 илјада автомобили регистрирани во собраќајот во месец мај се од марката рено, 12,5-отсто од марката Фолксваген, 7,4-отсто Опел, 7,4-отсто Тојота, 6,7отсто Фиат, 6-отсто Хјундаи, 5,5-отсто Дачиа, 4,9-отсто Форд, 4,4-отсто Мерцедес,Бенз, 3,7-отсто БМВ и 25,1-отсто од други марки автомобили.

63,4-отсто од 303 илјади автомобили регистрирани во сообраќајот во периодот јануари-мај 2016 година се состојат од бела боја, 14,8-отсто од сива боја, 8,5-отсто црна боја и 6,5-отсто црвена боја, а останатите 6,7-отсто автомобили се состојат од други боји.



Слични вести