Де факто започнаа преговорите за одвојувањето на Англија од ЕУ (Брексит)

Сеуште продолжува неизвесноста околу одвојувањето на Англија

525845
Де факто започнаа преговорите за одвојувањето на Англија од ЕУ (Брексит)

Директорот за кредитен рејтинг на земјите на Меѓународната агенција за кредитен рејтинг Фич Рејтингс, Џејмс МекКормак рече дека де факто започнаа преговорите за одвојувањето на Англија од ЕУ (Брексит) и потенцираше дека покрај интензивниот старт, преговорите ќе траат долго и ќе бидат доста дискутабилни. Најверојатно повремено ќе дојде до одреден застој и укинувања па дури и прекини.

МекКормак во написот под наслов „Глобални перспективи“ кој беше објавен на веб страницата на агенцијата Фич рејтингс направи проценка на преговорите Брексит.

Покрај конечната одлука за одвојувањето на Англија од ЕУ, сеуште продолжува неизвесноста околу одвојувањето истакнува МекКормак во написот и продолжува:

„Тајмингот е доста критично ппрашање. Имено тајмингот ќе ја определи неизвесноста која влијае врз економијата на Англија како и тоа дали сите оние кои што дадоа ветувања и гаранции во врска со користа од одвојувањето ќе можат да ги остварат истите. ЕУ нема да го подржи долгиот и борбен преговарачки процес кој ќе го забави интензитетот на процесот на изградбата на интеграцијата, која претставува основа на европскиот проект.“

Во светот на дипломатијата исполнет со низа различни нијанси, изјавите на лидерите на ЕУ ќе ги определи официјалните позиции и граници на еластичност во врска со зајакнувањето, истакнува МекКормак и потенцира дека најзначајно прашање на преговорите ќе биде миграцијата и пристапот до европските пазари.



Слични вести