Макроекономските темели на Турција се силни

За да оди добро, постојано преземаме нови мерки и работиме многу.

524812
Макроекономските темели на Турција се силни

Потпретседателот на Владата Мехмет Шимшек учествуваше на програмата на честитањето на Рамазан бајрам на градската организација на Партијата за правда и развој (АКП) во Газиантеп.

Во говорот што го одржа во оваа прилика, потпретсдетаелот Шимшек се осврна на пакетот на добрите економски вести на премиерот Бинали Јилдирим.

Шимшек рече дека пакетот што го објави премиерот Јилдирим ги опфаќа сите граѓани и дека со новиот пакет уште повеќе ќе заживее економијата. Тоа е силен пакет кој ќе го поддржи целото општество.

Покрај сите тешкотии, хаос и анархија во регионот, последователните економски потреси и шокови по глобалната криза, економските темели на Турција се многу силни, рече Шимшек и подвлече:

Макроекономските темели на Турција се силни. Добро оди. За да оди добро, постојано преземаме нови мерки и работиме многу.

 



Слични вести