Оваа година во заливот Едремит ќе се виорат 18 сини знамиња

На народната плажа во Едремит по повод отворањето на туристичката сезона беше одржана церемонија „сино знаме“

522900
Оваа година во заливот Едремит ќе се виорат 18 сини знамиња

Во заливот Едремир кај Баликесир во населените места Едремит, Ајвалик, Ѓомеч и Бурханије оваа година ќе се виорат 18 сини знамиња.

На народната плажа во Едремит по повод отворањето на туристичката сезона беше одржана церемонија „сино знаме“.

Координаторот на Програмата за сино знаме на Турција за градовите во северната егејска област  Мустафа Караташ истакна дека Турција по бројот на сините знамиња се наоѓа на второ место во светот веднаш по Шпанија.

Караташ рече: „По нас на трето место е Грција. Се надевам дека догодина ќе го зголемиме бројот на нашите сини знамиња.“



Слични вести