Се укинуваат санкциите за туристички патувања и чартер-летовите од Русија за Турција

Руското министерство за транспорт соопшти дека повторно ќе бидат започнати туристичките патувања и чартер-летовите за Турција, а потоа со указ на претседателот Путин беа укинати санкциите за туристички патувања и чартер летови заклучно со 30 јуни

521989
Се укинуваат санкциите за туристички патувања и чартер-летовите од Русија за Турција

Турско-руските односи преминаа во фаза на нормализирање...

Руското министерство за транспорт соопшти дека повторно ќе бидат започнати туристичките патувања и чартер-летовите за Турција.

По ова соопштение рускиот претседател Владимир Путин го потпиша указот за укинување на санкциите заклучно со 30 јуни кои што ја опфаќаат продажбата на туристички патувања и чартер летови за Турција.

Во објавеното соопштение од сервисот за печат на Кремљ се истакнува дека било одлучено да се разговара со турската влада за економските односи помеѓу двете земји.

Во соопштението се вели дека во правец на резултатот од овие разговори ќе се направи проценка на измените во економските санкции кои што беа воведени кон Турција на 28 ноември 2015 година.

Ваквиот развој најмногу ги израдува туристичките работници во земјава.

Имено чартер-летовите се избираат особено од страна на туристите.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев вчера исто така истакна дека постепено ќе бидат укинати економските ограничувања кон Турција.

Медведев рече дека во правец на издадената директива од страна на рускиот претседател Владимир Путин ќе биде ставено крај на економските ограничувања кон Турција.

Рускиот вицепремиер Дмитриј Козак пак истакна дека за две недели ќе биде подготвен предлогот за укинување на воведените ограничувања за турските градежни фирми кои делуваат во Русија.



Слични вести