Руските туристички агенции почнаа да продаваат пакет-аранжмани за одмор во Турција

По укинувањето на санкциите за продажба на туристички патувања и чартер-летовите за Турција руските туристички агенции повторно почнаа да продаваат пакет-аранжмани за одмор во Турција

522311
Руските туристички агенции почнаа да продаваат пакет-аранжмани за одмор во Турција

По потпишувањето од страна на рускиот рпетседател Владимир Путин на указот за укинување на санкциите за продажба на туристички патувања и чартер-летовите за Турција руските туристички агенции повторно почнаа да продаваат пакет-аранжмани за одмор во Турција.

Авионските карти во склопот на пакет-аранжманите пак се продаваат преку Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) и Руската авиокомпанија Аерофлот.

Во меѓувреме руските граѓани кои по влошувањето на односите помеѓу Турција и Русија се соочуваа со тешкотии да најдат места за поминување на својот одмор по поволна цена го дочекаа со големо задоволство и голема радост укинувањето на туристичките санкции кон Турција.

Турскиот туризам со своите поволни цени и квалитетната услуга сега повторно ќе претставува можност за руските граѓани кои за поминување на својот летен одмор ги избираат особено Средоземноморските крајбрежја.

Најзначајна грижа за руските граѓани пак во овој период кога со падот на цените на нафта и санкциите и е нанесен удар на руската економија,  се високите цени за алтернативните дестинации за летување.



Слични вести