Исламофобијата може да ја подели Европа

Министерот за економија Нихат Зејбекчи беше гостин на една ифтарска програма во неговиот роден град Денизли.

519093
Исламофобијата може да ја подели Европа

Во обраќањето на ифтарот министерот Зејбекчи се задржа меѓу другото и на турско-израелските односи и на се погласните реакции во Европа во врска со исламофобијата. Турција придава големо значење на интересите на браќата како во Палестина така и во Газа. Што се однесува до записникот за соработка што го постигнаа Турција и Израел истиот ќе послужи за уште поголем развој на економските и трговските односи со двете земји кои така се развиваат успешно,истакна Зејбекчи.

На прашање што мисли за појавите на исламофобија во Европа министерот Зејбекчи одговори дека тоа е многу опасна појава,бидејќи се коси со сите основни европски вредности.

Појавата на вакви негативни настани особено сега кога се ниша и потресува Европската унија може да предизвика поделби и расцеп во самата унија. Сметам дека се опасни антиисламските појави или судирот на религии, но сепак сметам дека разумот ќе надвладее,подвлече министерот за економија Нихат Зејбекчи.



Слични вести