Турција обезбедува 90-отсто од потребите на мајчина душица во светот

Поголемиот дел од земјоделското производство на мајчина душица во Турција се врши во градот Денизли кој оваа година планира да произведе 15 илјадо тони

512489
Турција обезбедува 90-отсто од потребите на мајчина душица во светот

Турција обезбедува 90-отсто од потребите на мајчина душица во светот која инаку се наоѓа меѓу зачините без кои што се не може во Средоземноморската кујна.

Поголемиот дел од земјоделското производство се врши во градот Денизли кој оваа година планира да произведе 15 илјадо тони мајчина душица и има за цел извозот да го зголеми за 10 пати повеќе и да го покачи на 90 милиони лири (приближно 30 милиони долари).

Земјоделската активност која се врши за укинување на ризиците кои што се појавуваат при собирање на мајчината душица од природата која инаку освен во јадењата како зачин се употребува и како основна суровина во индустријата за храна и лекови, почнува во периодот од март до април со фрлање на семињата на мајчина душица во почвата. 

Мајчината душица се сиобира во јули и август, а потоа се пакува во постројките за обработка и се извезува.

Директорот за храна, земјоделство и сточарство во Денизли Сезгин Кутлу истакна дека се врши производство на површина од приближно 96 илјади декари и годишно се собираат приближно 15 илјади тони мајчина душица.

Сезгин Кутлу рече: „Поголемиот дел од производството се испраќа во САД и земјите на ЕУ. Имаме за цел да обезбедиме производство на мајчината душица под добри земјоделски применувања и органско производство.“



Слични вести