Турската авиокомпанија ТХЈ највредна марка на Турција

Турската авиокомпанија ТХЈ со вредност од над 2,4 милијарди долари стана највредна марка на Турција

511653
Турската авиокомпанија ТХЈ највредна марка на Турција

Турската авиокомпанија ТХЈ најдрагоцена марка на Турција.

Според истражувањето на меѓународната институција за вреднување на марки Бренд Финанс, Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) со вредност од над 2,4 милијарди долари стана највредна марка на Турција.

Бредн Финанс го зврши своето 9-то истражување насловено како „Највредните марки на Турција-Туркеј 100“.

На првото место во списокот на „Највредни марки на Турција 2016“ се најде Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) со вредност на марка од 2 милијарди 452 милиони долари, а потоа следеа Турк Телеком со вредност на марка од 2 милијарди 353 милиони долари и Арчелик со вредност на марка од 1 милијарда 983 милиони долари.

Според истражувањето вкупниот износ на 10 највредни марки на Турција во списокот достигнува до 29,3 милијарди долари и вкупниот пад на вредност во споредба со минатата година достигна до 5 милијарди.

Кон списокот на 100 марки годинава беа приклучени 12 нови марки од различни бизниси.

32-отсто од вкупната вредност ја сочинуваат марки на банки, 13-отсто марки на телеком, 9-отсто марки на авиокомпании и 4-отсто марки на храна и продажба на мало.



Слични вести