Бројот на патници на Турската авиокомпанија ТХЈ во првите 5 месеци достигна до 25 милиони

Бројот на патници на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) во првите 5 месеци од годинава со раст од 7,8-отсто во споредба со истиот период минатата година достигна до 25 милиони

510282
Бројот на патници на Турската авиокомпанија ТХЈ во првите 5 месеци достигна до 25 милиони

Бројот на патници на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) во првите 5 месеци од годината достигна до 25 милиони.

Според резултатите во врска со првите 5 месеци од оваа година објавени од страна на Платформата на Турската авиокомпанија ТХЈ за информирање на јавноста, бројот на патници во периодот јануари-мај 2015 година изнесуваше 23,2 милиони, додека во истиот петмесечен период од оваа година е забележан раст во бројот на патници од 7,8-отсто.

Растот во бројот на патници во домашните летови изнесуваше 10,5-отсто, а во меѓународните летови 5,8-отсто.

Во бројот на летови во споредба со првото петмесечје од минатата година во првите 5 месеци од оваа година е остварен раст од 7,8-отсто и беа реализирани вкупно 187.482 летови, додека превезената стока и пошта со раст од 10,4-отсто достигна до 313.772 тони.

Исто така бројот на градови за кои лета Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) се зголеми на 289 градови од кои 49 во земјата и 240 градови ширум светот.

Бројот на авиони пак се зголеми на 322.



Слични вести