ТУПРАШ повторно најголемо индустриско претпријатие на Турција

Според резултатите од истражувањето на Истанбулската индустриска комора (İSO) за 2015 година „500 големи индустриски претпријатија на Турција“  на прво место исто како и во изминатите години повторно се најде А.Д. Нафтени рафинерии на Турција ТУПРАШ

505786
ТУПРАШ повторно најголемо индустриско претпријатие на Турција

Соопштени имињата на 500 големи индустриски претрпијатија на Турција.

Според резултатите од истражувањето на Истанбулската индустриска комора (İSO) за 2015 година „500 големи индустриски претпријатија на Турција“  на прво место исто како и во изминатите години повторно се најде А.Д. Нафтени рафинерии на Турција ТУПРАШ.

Резултатите од истражувањето за 2015 година „500 големи индустриски претпријатија на Турција“ ги соопшти претседателот на Управниот одбор на Истанбулската индустриска комора (İSO) Ердал Бахчиван.

Според тоа на првото место се најде А.Д. Нафтени рафинерии на Турција ТУПРАШ) кое од реализираната продажба од производството обезбеди приходи од 35 милијарди 437 милиони турски лири (12 милијарди 233,5 милиони долари), на второ место е А.Д. Автомобилската индустрија Форд со 14 милијарди 732 милиони турски лири (5 милијарди 85 милиони долари), а на трето место А.Д. Арчелик со 9 милијарди 998 милиони турски лири (3 милијарди 451 милиони долари). 

 

 



Слични вести