Турција оствари раст во извозот на лешник

Во периодот од 9 месеци во извозната сезона на лешник 2015-2016 година од извозот на лешник се обезбедени приходи во износ од 1 милијарда 800 милиони долари

502245
Турција оствари раст во извозот на лешник

Турција која го држи во свои раце поголемиот дел од производството и извозот на лешник во светот во периодот од 9 месеци во извозната сезона на лешник 2015-2016 година од извозот на лешник обезбеди приходи во износ од 1 милијарда 800 милиони долари.

Во објавеното писмено соопштение од страна на Унијата на производи од лешник и извозници на лешник во црноморската област 154 илјади 452,7 тони од извозот се реализирани во земјите на ЕУ.

Освен тоа во соопштението се вели дека во европските земји надвор од ЕУ бил реализиран извоз од 12 илјади 457,2 тони лешник, во прекуокеанските земји 23 илјади 745,6 тони, а во останатите земји биле извезени 10 илјади 884,6 тони лешник.

Турција во минатата извозна сезона извезе 177 илјади 424 тони лешник од кои обезбеди приходи во износ од 2 милијарди 240 милиони 431 илјади 993 долари.



Слични вести