Денеска се отвора најдолгиот и најдлабокиот тунел во светот Готард Басе

На свеченото пуштање во употреба на најдолгиот и најдлабокиот тунел во светот Готард Басе во Швајцарија ќе учествуваат германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и италијанскиот премиер Матео Рензи

501941
Денеска се отвора најдолгиот и најдлабокиот тунел во светот Готард Басе

Денеска се отвора најдолгиот и најдлабокиот тунел во светот Готард Басе.

На свеченото пуштање во употреба на тунелот кој ќе ја поврзува Швајцарија со северниот дел на Италија и јужниот дел на Германија ќе учествуваат германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и италијанскиот премиер Матео Рензи.

Изградбата на тунелот Готард Басе кој е долг 57 километри и поминува под Алпите е завршена за 20 години чинеше 11 милијарди евра.

При ископување на тунелот биле извадени повеќе од 28 милиони тони камења.

Овој најдолг и најдлабок тунел во светот кој ќе ја поврзува Швајцарија со северниот дел на Италија и јужниот дел на Германија ќе го олесни преминот односно патувањето од Швајцарија во различни земји на Европа.

Патувањето од швајцарскиот град Цирих за италијанскиот град Милано ќе се страти за  приближно 2 час и наместо сегашните 4 часа 40 минути ќе се намали на 2 часа 30 минути.

Низ тунелот кој ќе биде отворен денеска во почетокот се очекува дневно да поминуваат по 9 илјади, а во 2020 година 15 илјади патници.

 

 

 

 

 

 



Слични вести