Кинезите ќе инвестираат во сончевата енергија на Турција

Вкупната јачина на проектите на сончева енергија во кои ќе се инвестира изнесува 116 мегавати

Кинезите ќе инвестираат во сончевата енергија на Турција

Турската енергетска компанија УЦК Груп и кинескиот партнер ќе инвестираат во проектите на сончева енергија во Егејската и Мраморната област чија вкупна јачина изнесува 116 мегавати.

Според соопштението објавено од страна на компанијата, проектот за сончева енергија без лиенца од 116 мегавати во текот на претстојните 10 години ќе биде во рамките на откупната гаранција од 13,4 центи по киловатчас.

Кинеската компанија во остварувањето на проектот ќе обезбеди соларен модул со висока ефикасност и техничката опрема, додека турската компанија ќе биде одговорна за развојот на проектот и изградбата на централите.



Слични вести