Саудиска Арабија ќе додели кредит за изградба на електрична централа

Електричната компанија на Саудиска Арабија потпишала договор со јужнокорејската банка за извоз, банката Токио-Митусубиши, Дојче банката и банката Сантандер за доделување кредит во износ од 900 милиони долари за изградба на електрична централа

491736
Саудиска Арабија ќе додели кредит за изградба на електрична централа

Саудиска Арабија потпиша договор за доделување кредит во износ од 900 милиони долари за изградба на електрична централа.

Во објавеното соопштение од електричната компанија на Саудиска Арабија се истакнува дека компанијата потпишала договор со јужнокорејската банка за извоз, банката Токио-Митусубиши, Дојче банката и банката Сантандер за обезбедување финансиски средства во износ од 900 милиони долари за проект за изградба на електрична централа.

Заедно со намалувањето на цените на нафтата од 2014 година досега за приближно 70-отсто и нивно опаѓање од 120 долари до 30 долари во голема мера се намалија приходите на Саудиска Арабија која е едниот од најголемите производители на нафта во светот.

Според извештајот на Финансискиот центар на Кувајт (Марказ) буџетот на 6 Заливски земји (Саудиска Арабија, Кувајт, Катар, Бахреин, Оман,Обединетите Арапски Емирати) чии основни извори на приходи се состојат од приходи од нафта минатата година беше со дефицит од вкупно 160 милијарди долари.



Слични вести