1 милијарда евра за сириските бегалци во Турција ќе бидат доделени до крајот на јули

ЕУ ќе го забрза доделувањето на финансиската поддршка за сириските бегалци во Турција во чии рамки најпрвин се планира до крајот на јули да бидат доделени 1 милијарда евра

489768
1 милијарда евра за сириските бегалци во Турција ќе бидат доделени до крајот на јули

ЕУ истакна дека се планира финансиската поддршка за сириските бегалци во Турција во износ од 1 милијарда евра да се додели до крајот на јули.

Во Брисел се состана административниот комитет одговорен за финансиската поддршка на ЕУ за бегалците во Турција.

На состанокот беше донесена одлука за забрзување на фондот наменет за сириските бегалци во Турција под името споделување на товарот.

По состанокот еврокомесарот одговорен за проширување и соседски политики Јоханес Хан истакна дека на Турција и биле обезбедени приближно 200 милиони евра од вкупно ветените 3 милијарди евра. 

Јоханес Хан рече: „Износот кој што ќе се обезбеди до крајот на јули очекувам да достигне до 1 милијарда евра.“

ЕУ на самитот меѓу Турција и Еу што се одржа на 29 ноември во 2015 година вети дека до крајот на 2017 година ќе додели фонд во износ од 3 милијарди евра за сириските бегалци во Турција.

На одржаниот самит на 18 март пак беше донесена одлука дека во случај на трошење на овој буџет до крајот на 2018 година ќе се стави во примена дополнителен фонд од 3 милијарди евра.

Беше одлучено фондовите да бидат трошени за проектите кои што ќе се развиваат за обезбедување на потребите од здравство, образование, инфраструктура, храна и сл. на сириските бегалци во Турција.



Слични вести