Еден од секои 5 мина млади во ЕУ е без работа

Според податоците на Европската канцеларија за статистика Евростат процентот на невработеност кај младите во земјите членки на ЕУ во март 2016 година изнесува 19,1-отсто и опфаќа 4 милиони 287 илјади лица под 25 годишна возраст

487199
Еден од секои 5 мина млади во ЕУ е без работа

Освен мошне нискиот пад на инфлацијата и слабиот економски раст и невработеноста на младите се уште се наоѓа на мошне високо ниво во земјите членки на ЕУ што пак продолжува да создава проблеми.

Според податоците на Европската канцеларија за статистика Евростат процентот на невработеноста кај младите во ЕУ која брои 28 земји членки се движи на повисоко ниво во споредба со процентот на невработеност кај другите возрасти.

Процентот на невработеност кај младите во земјите членки на ЕУ во март 2016 година изнесува 19,1-отсто и опфаќа 4 милиони 287 илјади лица под 25 годишна возраст.

Според тоа еден од секои 5 мина млади во ЕУ е без работа.

Германија пак како земја локомотива на економијата на Европа според податоците во истиот период со процент од 6,9-отсто го зазеде првото во списокот на најмал број на невработени млади во ЕУ. 

Други земји на ЕУ кои во март располагаат со невработеност кај младите под 10-отсто се Чешка и Малта со 9,8-отсто млади невработени.



Слични вести