Фич рејтингс ја намали оценката за кредитен рејтинг на Бразил

Оценката за кредитен рејтинг на Бразил од аспект на соодносот на домашната валута и странските валути од ББ+ се намали на ББ

485541
Фич рејтингс ја намали оценката за кредитен рејтинг на Бразил

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг Фич рејтингс ја намали оценката за кредитен рејтинг на Бразил.

Во писменото соопштение што беше објавено од страна на агенцијата Фич рејтингс беше истакнато дека оценката за кредитен рејтинг на Бразил од аспект на соодносот на домашната валута и странските валути од ББ+ ја намали на ББ и негарантиран долг во домашна валута на негативна.

Во соопштението беше истакнато дека економијата на Бразил се наоѓа во поголема рецесија од претпоставките и дека Владата не успеа да ја поправи и стабилизира оценката за јавните финансии на земјата, поради што големата политичка неизвесност предизвика целосно потресување на довербата во земјата.

Во соопштението меудругото беше истакнато дека негативната оценка за негарантираниот долг неповолно ќе се одрази врз процесот за подобрување на економскиот раст, јавните финансии и државниот долг.



Слични вести