Укинувањето на визите за турските граѓани ќе доведе до пораст во бројот на туристите од и за Европа
Турските туристички работници велат дека укинувањето за визите за турските граѓани кои ќе патуваат во земјите на ЕУ од Шенген зоната ќе доведат до зголемување на бројот на туристите за и од Европа

Според турските туристички работници укинувањето за визите за турските граѓани кои ќе патуваат во земјите на ЕУ од Шенген зоната ќе доведе до зголемување на бројот на туристите и кои од Турција ќе заминат во Европа и обратно на граѓаните на ЕУ кои ќе допатуваат во Турција.
Претседателот нан Конфедерацијата на турските хотелиери (ТУРОФЕД) Осман Ајик истакна дека заедно со укинувањето на визите за турските граѓани на крајот на јуни Турција ќе се доближи за уште еден чекор поблиску до ЕУ.
Ајик напомена дека сето тоа ќе има позитивен придонес кон имиџот на Турција, а исто така во среднорочен и долгорочен период ќе дојде до зголемување и на бројот на патувања од Европа кон Турција.
Претседателот на Управниот одбор на туристичката агенција Пронтотур Ало Онаран пак рече дека просечните трошоци за визи за едно лице изнесува некаде околу 100 евра.
Велејќи дека годишно во Турција се издаваат по приближно 1 милион Шенген визи, Онаран додаде дека според тоа секоја година повеќе од 100 милиони евра ќе останат во џебот на турските граѓани.