Ирански министер и предложи на Турција да произведат заеднички автомобил

Иранскиот министер за индустрија, руди и трговија Мохаммад Реза Нематзадех рече: „Двете земји би можеле да дизајнираат нов автомобил со партнерство од по 50-отсто и овој заеднички автомобил да го извезуваат во светот“

483506
Ирански министер и предложи на Турција да произведат заеднички автомобил

Турција ги интензивира своите контакти со деловниот свет на Иран кој се спаси од меѓународните ембарга.

Истанбулската индустриска комора (ИСО) првата надворешна делегациска посета во својата историја ја оствари на Иран. 

Претседателот на Управниот одбор на Истанбулската индустриска комора (ИСО) Ердал Бахчиван кој во придружба на 70 члена делегација замина за Техеран оствари специјална средба со иранските министри за технологија и индустрија, додека турските фирми водеа билатерални разговори со 202 ирански фирми.

Бахчиван истакна дека биле дочекани топло и срдечно од страна на иранските министри и дека биле едногласни по прашањето на воспоставување на соработката. 

Ердал Бахчиван рече: „И покрај тоа што помеѓу владите на двете земји постои цел за надворешна трговска соработка во износ од 30 милијарди долари, доколку во блиска иднина формираме правилен поглед немаме сомневање дека оваа надворешна трговска соработка ќе достигне до 100 милијарди долари.“ 

Иранскиот министер за индустрија, руди и трговија Мохаммад Реза Нематзадех истакна дека за да би можеле бизнисмените на двете земји да реализираат заеднички инвестирања ќе бидат формирани четири нови индустриски зони во Иран, а исто така ги повика турските инвеститори да инвестираат во неговата земја.

Велејќи дека Иран и Турција освен сопствените пазари треба заедно да ги искористат и останатите блиски пазари, министерот Нематзадех рече: „Двете земји би можеле да дизајнираат нов автомобил со партнерство од по 50-отсто и овој заеднички автомобил да го извезуваат во светот. Ние располагаме со успешни институции во нано технологијата и имаме приод на еден поразличен дизајн во текстилот. И нив можеме заедно да ги извезуваме во светот. Од друга страна двете земји би можеле да одат на поцврста соработка во производството на производи со халал сертификат и во нивниот извоз.“

Иранскиот министер за технологија и комуникација одговорен за економските односи со Турција Махмуд Ваези истакна дека по укинувањето на ембаргото врз неговата земја прва земја со која посакуваат да ги развијат своите односи е Турција.

Подвлекувајќи дека никогаш нема да заборават на оние кои стоеја покрај Иран во тешките денови низ кои помина, Ваези го додаде следното: „Сето она од кое што имаме потреба ние првенствено сакаме да го обезбедиме од Турција. Спремни сме да работиме со вас во сферата на природниот гас и нафтата и да ви доставуваме три до четири пати повеќе од електричната енергија што ја добивате сега. Истовремено сакаме да ги отвориме сите наши врати за турските банки и да им обезбедиме можности да отворат свои филијали овде.“



Слични вести