Во јуни ќе започнат летовите за странство од аеродромот Орду-Гиресун

Валијата на Орду Ирфан Балканлиоглу напомена дека од аеродромот Орду-Гиресун во јуни ќе започнат директните летови и за странство и тоа за Саудиска Арабија и Кипар, како и поготово за Германија и Австрија

482092
Во јуни ќе започнат летовите за странство од аеродромот Орду-Гиресун

Во јуни годинава (2016) ќе започнат летовите за странство од аеродромот Орду-Гиресун кој е првиот и единствениот аеродром на Турција и Европа изграден над површината на морето.

Валијата на Орду Ирфан Балканлиоглу истакна дека аеродромот Орду-Гиресун кој во мај ја наполнува првата годишнина од изградбата досега го користеа над 400 илјади патници.

Велејќи дека голема заинтересираност кон аеродромот покажуваат и приватните авиокомпании, валијата Ирфан Балканлиоглу рече: „Во наредните денови ќе се зголеми бројот на летови. На тој начин ќе опадне и цената на билетите и граѓаните тогаш кога ќе посакаат ќе можат да патуваат за Истанбул и Анкара.“

Балканлиоглу напомена дека од аеродромот Орду-Гиресун во јуни ќе започнат директните летови и за странство и го подвлече следното: „Од јуни ќе можат да се реализираат летови за Саудиска Арабија и Кипар, како и поготово за Германија и Австрија.“ 



Слични вести