ФЕД нема да ја промени политиката на каматната стапка

Од соопштението на ФЕД беше изваден изразот во кој се истакнува дека глобалните економски, финансиски случувања предизвикуваат ризик

480223
ФЕД нема да ја промени политиката на каматната стапка

Американската Централна банка ФЕД нема да ја промени политиката на каматната стапка и ќе се движи според предвидувањата од 0,25 до 0,50.

Комитетот за федерален отворен пазар кој ја определува насоката на монетарните политики на ФЕД на априлскиот состанок усвои одлука да не ја менува каматната стапка.

Одлуката беше усвоена со 9 гласа за, а еден глас против.

Во соопштението што беше објавено по состанокот на ФЕД, беше истакнато дека активно ќе продолжат да се следат инфлационите показатели и глобалните економски и финансиски случувања.

Во соопштението меѓудругото беше истакнато дека беше забележано подобрување на пазарот на вработување а забавување во растот.

Од соопштението на ФЕД беше изваден изразот во кој се истакнува дека глобалните економски, финансиски случувања предизвикуваат ризик. Откако беше утврдено дека нема проценка за балансирање на ризикот, дојде до зголемување на вредноста на доларот на меѓународните пазари.



Слични вести