Истанбул утре ќе биде домаќин на 11-от Турско-арапски економски форум TAF'2016

На 11-от Турско-арапски економски форум TAF'2016 што ќе се одржи утре во Истанбул ќе учествуваат 500 високи функционери од Турција и Арапските земји на чело со Катар

479627
Истанбул утре ќе биде домаќин на 11-от Турско-арапски економски форум TAF'2016

Утре во Истанбул ќе се одржи 11-от Турско-арапски економски форум TAF'2016.

Во објавеното соопштение од Унијата на турските комори и берзи ТОББ се истакнува дека 11-от Турско-арапски економски форум TAF'2016 ќе се одржи утре во Истанбул со учество на 500 високи функционери од Турција и Арапските земји на чело со Катар.

На форумот освен тоа што ќе се направи проценка на последните 10 години во турско-арапските економски односи ќе бидат претставени и целите за идните 10 години.

На 11-от Турско-арапски економски форум TAF'2016 ќе се разговара за основни прашања во врска со банкарството, финансиите, енергијата и претприемаштвото и ќе бидат претставувани на највисоко ниво катарската банка Qatar National Bank (QNB) која ја купи турската Финансбанк за 3 милијарди долари,турската банка Кубајт-Турк, Kuwait Finance House која го претставува првиот арапски капитал и Турски телеком.

Освен тоа со учесниците на форумот ќе бидат споеделени и искуствата за инвестирање и визијата за наредниот период.

Турско-арапскиот економски форум TAF'2016 кој од 2005 година досега се одржува редовно секоја година и на кој досега учествуваа 8 премиери, 72-јца министри, 635 фирми и над 5 илјади учесници, и покрај исклучителните услови во регионот презентира континуираност со што пак се споменува како симбол на стабилноста.



Слични вести