„Имаме за цел до 2023 година да обезбедиме 1 милион дополнителни вработувања“

Министерот за наука, индустрија и технологија Фикри Ишик истакна дека се има за цел до 2023 година да се обезбедат 1 милион дополнителни вработувања

478023
„Имаме за цел до 2023 година да обезбедиме 1 милион дополнителни вработувања“

Министерот за наука, индустрија и технологија Фикри Ишик во говорот што го одржа на церемонијата на колективното свечено отворање на неколку фабрики во Организираната индустриска зона во Адана истакна дека се има за цел до 2023 година да се обезбедат 1 милион дополнителни вработувања.

Ишик напомена дека фабриката за машинска индустрија во Самсун буди воодушевување и гордост поради отворањето на 48 постројки изградени со средства во износ од 1 милијарда 223 милиони турски лири (приближно 400 милиони долари). 

Укажувајќи дека Адана е едниот од најзначајните индустриски градови на Турција, Фикри Ишик истакна дека капацитетот на вработување на Организираната индустриска зона Хаџи Сабанџи изнесува над 33 илјади лица, додека капацитетот на вработување на 7 мали индустриски зони достигнува до 7 илјади лица.

Министерот за наука, индустрија и технологија Фикри Ишик нагласи дека на точката на развојот на индустријата им се придава значење на организираните индустриски зони, индустриските зони и индустриските населби.

Министерот Ишик рече: „Во моментов особено во нашите 285 организирани индустриски зони во Турција од кои 224 се активни обезбедуваме вработување за 1 милион 600 илјади лица. До 2023 година имаме за цел да формираме уште 79 индустриски зони и да обезбедиме 1 милион дополнителни вработувања. Се надевам дека оваа година ќе потрошиме 75 милиони турски лири (приближно 25 милиони долари) само за инвестирање во организираните индустриски зони. Особено реализираме интензивни активности за формирање на нова генерација индустриски зони.“



Слични вести