Туркиш Ерлајнс рокот на откажување на летовите за Брисел го продолжи до 15 април

Патниците чии летови се откажани ќе можат да ги заменат своите билети со летови за други европски градови како што се Ротердам, Амстердам, Дизелдорф и Ќелн

464363
Туркиш Ерлајнс рокот на откажување на летовите за Брисел го продолжи до 15 април

Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) рокот на откажување на летовите за Брисел поради неодамнешните терористички напади го продолжи до 15 април.

Во објавеното соопштение од Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) ​се истакнува дека поради експлозиите на аеродромот во Брисел на 22 март се откажуваат сите летови за и од Бирсел во периодот од 24 март до 15 април.

Во соопштението се вели дека патниците чии летови се откажани ќе можат да ги заменат своите билети со летови за други европски градови како што се Ротердам, Амстердам, Дизелдорф и Ќелн.​

Граѓаните промените во врска со летовите ќе можат да ги следат на следната интернет адреса: http://www4.thy.com/deparr/start.tk



Слични вести