Турската економија во 2015 година оствари раст од 4-отсто

Турската економија која непрестано 25 месеци бележи раст минатата година оствари раст од 4-отсто, а само во последната четвртина беше постигнат раст од 5,7-отсто

462206
Турската економија во 2015 година оствари раст од 4-отсто

Турскиот институт за статистика (ТУИК) соопшти дека турската економија минатата година (2015) оствари раст од 4-отсто и ​дека само во последната четвртина беше постигнат економски раст од 5,7-отсто.

Потпретседателот на владата одговорен за економија Мехмет Шимшек истакна дека минатата година економијата забележа раст над од она што се предвидуваше и рече: „На тој начин Турција стана четврта најбрзо растечка економија меѓу земјите на Г-20 и со исклучок на Кина и Индија оствари за два пати поголем раст од економиите во развој.“

Нагласувајќи дека продолжува опсежното својство на растот во 2015 година, Шимшек напомена дека минатата година беа обезбедени услови за вработување на приближно 700 илјади лица во Турција, додека од глобалната криза досега беа обезбедни услови за вработување на 6,7 милиони лица.

Од друга страна извозот на Турција во месец февруари оваа година во споредба со истиот месец минатата 2015 година оствари раст од 1,4-отсто и се зголеми на 12 милијарди 406 милијарди долари.

Увозот пак се намали за 8,1-отсто и изнесуваше 15 милијарди 571 милион долари.

Во февруари надворешно трговскиот дефицит опадна за 32,8-отсто и од 4 милијарди 709 милиони долари се намали на 3 милијарди 165 милиони долари.

Покриеноста на увозот со извозот минатата година во месец февруари изнесуваше 72,2-отсто, додека истиот месец годинава (2016) се зголеми на 79,7-отсто.

Делот на ЕУ во извозот минатата 2015 година во месец февруари изнесуваше 42,3-отсто, а истиот месец оваа година се зголеми на 46,3-отсто.

Извозот за САД во споредба со истиот месец минатата година се зголеми за 10,8-отсто и достигна до 5 милијарди 740 милиони долари.

Во овој период земја во која беше реализиран најголем извоз беше Германија.

Извозот за оваа земја достигна до 1 милијарда 166 милиони долари, а потоа следат Велика Британија со 1 милијарда 57 милиони долари, Шведска 1 милијарда 47 милиони долари и Ирак 712 милиони долари.

Во увозот пак на прво место е Кина.

Увозот од оваа земја во февруари изнесуваше 2 милијарди 59 милиони долари, а по неја следат Германија со 1 милијарда 772 милиони долари, Русија 1 милијарда 189 милиони долари и САД со 985 милиони долари.



Слични вести