Туркиш Ерлајнс воведе нова линија за Украина со летови секој ден

Со новата воведена линија за градот Ивано Франкивск бројот на дестинации за кои реализира летови Турската авиокомпанија ТХЈ во Украина се зголеми на 7

462048
Туркиш Ерлајнс воведе нова линија за Украина со летови секој ден

Турската авикомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) воведе уште една редовна линија за Украина.

Со новата воведена линија за градот Ивано Франкивск бројот на дестинации за кои реализира летови Турската авиокомпанија ТХЈ во Украина се зголеми на 7.

На тој начин ТХЈ се искачи на позицијата најсилна странска авиокомпанија во Украина.

Летовите помеѓу Истанбул и украинскиот град Ивано Франкивск кој располага со 250 илјади жители ќе се реализираат секој ден во два правци.

Градот Ивано Франкивск се наоѓа во близина на границата со Романија и привлекува внимание со неговите историски и туристички убавини.

Во градот истовремено се наоѓаат и значајни центри за зимски спортови.

Во меѓувреме Турската авикомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс)​ на 10 мај ќе ги започне директните летови и за Дубровник.

Во објавеното соопштение од кабинетот за печат на Турската авикомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс)​ се истакнува дека летовите за Дубровник како втора воведена дестинација за Хрватска после Загреб ќе се реализираат три пати неделно во два правца.



Слични вести