Награда за Туркиш Ерлајнс „Авиокомпанија на годината“ од „Air Transport News​“

Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) ја доби наградата „Авиокомпанија на годината“ на магазинот „Air Transport News​“

461562
Награда за Туркиш Ерлајнс „Авиокомпанија на годината“ од „Air Transport News​“

Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) на церемонијата на доделување на наградите „Air Transport News​“ ја прими наградата „Авиокомпанија на годината“.

Претседателот на Управниот одбор и Извршниот комитет на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) ​Илкер Ајџи во врска со доделувањето на оваа награда на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс)​ рече: „Минатата година по петти пат од страна на наградите Skytrax​ за кои одлучуваат патниците бевме избрани за најдобра авиокомпанија на Европа. Имаме за цел во 2023 година бројот на патници да го зголемиме на 120 милиони, а бројот на авиони во нашата флота на 450 авиони.“

Освен наградата „Авиокомпанија на годината“​ за Туркиш Ерлајнс на церемонијата на наградите „Air Transport News​“​, Turkish Cargo​ ја доби наградата „Карго авиокомпанија на годината“, Teknik A.Ş. на Турската авиокомпанија наградата „Центар за одржување и поправка на авиони на годината“, а аеродромот Ататурк во Истанбул со која стопанисува ТАВ Аеродроми ја доби наградата „Аеродром на годината.“

Илкер Ајџи направи проценка и на церемонијата на доделување на наградите која се одржа во Домот на Моцарт во Салцбург во Австрија и притоа нагласи дека мрежата на дестинации на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс)​ се секој поминат ден се проширува и дека приоритет е задоволството на патниците.



Слични вести