Индексот на економска доверба го доживеа најголемиот пад во последните 13 месеци

Индексот на економска доверба во значајна мера опадна особено во Италија и Франција

Индексот на економска доверба го доживеа најголемиот пад во последните 13 месеци

Индексот на економска доверба во еврозоната кој почна да опаѓа од јануари наваму, до доживеа најголемиот пад во последните 13 месеци.

Според резултатите од анкетата за бизнис и потрошувачката доверба на Европската комисија за март месец, продолжува да се намалува економската доверба во еврозоната и ЕУ.

Индексот на економска доверба, во март се намали за 0,9 поени и изнесуваше 103 поени.

Пониско ниво беше забележано лани во февруари кога изнесуваше 102,5 поени.

Индексот на економска доверба во значајна мера опадна особено во Италија и Франција кои се наоѓаат меѓу 5-те најголеми економии на еврозоната.

Индексот на доверба во Холандија и Шпанија во споредба со другите земји опадна за пониска стапка, додека во Германија претежно се движеше во хоризонтална линија. Влошувањето на довербата во еврозоната, освен потрошувачите беше предизвикана од ниската доверба меѓу раководителите на услужниот и градежниот сектор. Индексот на доверба во индустријата претежно не се промени, додека во малопродажниот сектор дојде до полесно подобрување.

Анкетата беше остварена пред експлозиите во Брисел.



Слични вести