Продолжен датумот на откажување на летовите на ТХЈ за и од Брисел

Поради бомбашкиот напад на аеродромот во Брисел датумот на откажување на сите летови на Турската авиокомпанија ТХЈ за и од Брисел е продолжен до 2 април

460077
Продолжен датумот на откажување на летовите на ТХЈ за и од Брисел

Уште еднаш продолжен датумот на откажување на летовите на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс).

Поради бомбашкиот напад на аеродромот во Брисел датумот на откажување на сите летови на Турската авиокомпанија ТХЈ за и од Брисел е продолжен до 2 април.

Патниците чии летови беа откажани ќе можат да ги заменат своите билети со летови за други европски градови како што се Ротердам, Амстердам, Дизелдорф и Ќелн.

Патниците исто така до 31 март ќе можат да ги вратат своите купени авионски билети.



Слични вести