Попуст од Туркменистан за превоз на турските камиони

Туркменистан почна да применува попуст од 20-отсто во цените на Ро-Ро бродовите за турските ТИР камиони кои ја користат маршрутата Азербејџан-Туркменистан која инаку е најкусиот пат во транспортот за Централна Азија

459396
Попуст од Туркменистан за превоз на турските камиони

Претседателот на Извршниот совет на Меѓународната асоцијација на шпедитери (UND) Фатих Шенер истакна дека од страна на Туркменистан е применуван попуст од 20-отсто во цените на Ро-Ро бродовите за турските ТИР камиони кои ја користат маршрутата Азербејџан-Туркменистан која инаку е најкусиот пат во транспортот за Централна Азија.

Шенер направи проценка на одржаните разговори во главниот град на Туркменистан, Ашкабат по прашањето на 24 и 25 март.

Потсетувајќи дека туркменистанскиот претседател Гурбангули Бердимухамедов ја даде радосната вест оти со започнување со пловидба на бродот Бахтијар, вториот брод на земјата во август 2015 година ќе биде применуван попуст во транспортот на турските камиони, Шенер рече: „Бродот Бахтијар ги започна пловидбите и беше обезбеден попуст. Нашите камиони веќе почнаа да се превезуваат со модерните Ро-Ро бродови на Туркменистан за 20-отсто поефтино. За оваа значајна поддршка му благодариме на туркменистанскиот претседател Гурбангули Бердимухамедов.“



Слични вести