„Нема шанса да изгуби оној кој инвестира во Истанбул“

Извршниот директор на едната од најголемите катарски компании за инвестирање во недвижнини „Мазаја Катар“ Хамад ел-Хедфа истакна дека нема шанса да изгуби оној кој инвестира во Истанбул, бидејќи има само еден Истанбул

460061
„Нема шанса да изгуби оној кој инвестира во Истанбул“

Извршниот директор на едната од најголемите катарски компании за инвестирање во недвижнини „Мазаја Катар“ Хамад ел-Хедфа истакна дека можностите на пазарот на недвижнини на Турција ќе продолжат во среднорочен и долгорочен период.

Хедфа рече: „Нема шанса да изгуби оној кој инвестира во Истанбул, бидејќи има само еден Истанбул.“

Окарактеризирајќи го како „извонреден“ развојот што го оствари секторот на недвижнини во Турција во последните 10 години, Хедфа рече: „Ние веруваме дека овдешните прилики и можности ќе продолжат и во наредниот период, во среднорочен и долгорочен период. Затоа се одлучивме да инвестираме во Турција.“

Привлекувајќи внимание кон прашањето на формирање на фондови за инвестирање во недвижнини и нивно изнесување на пазарот во Турција, Хедфа истакна дека реализирале сериозни инвестирања во оваа сфера и дека лично верува оти ќе профитираат од оваа инвестиција.

Извршниот директор на едната од најголемите катарски компании за инвестирање во недвижнини „Мазаја Катар“ Хамад ел-Хедфа го додаде следното: „Како надополнување на стратешката макросоработка и братството помеѓу Катар и Турција кога ќе се земе во предвид и мошне силната регионална заинтересираност кон турскиот пазар на недвижнини, сигурни сме дека оваа нова структура на фонд ќе ја привлече заинтересираноста на квалификуваните индивидуални и институционални инвеститори во нашиот регион.“



Слични вести