Пофалби од поранешниот грчки министер Папантониу за турската економија

Поранешниот грчки министер за економија и финансии Јанос Папантониу истакна дека Турција како растечка и успешна економија располага со супер сила

459384
Пофалби од поранешниот грчки министер Папантониу за турската економија

Поранешниот грчки министер за економија и финансии Јанос Папантониу на Економскиот самит Улудаг говореше на седницата на тема „Новиот светски поредок и иднината.“

Папантониу истакна дека и покрај тоа што во Грција постои сериозно противење во врска со поноправното членство на Турција во ЕУ Тој лични го поддржува нејзиното зачленување.

Нагласувајќи дека Турција треба да ги продолжи реформите Јанос Папантониу рече: „Продолжувањето на нејзините либерални реформи, постојаното продолжување на конкуренцијата и економијата значи дека Таа ионака е силен актер во глобална смисла. Таа е земја која не се плаши од останатиот дел на светот. Располага со млада и динамична популација и со крајно успешни инвеститори. Таа со нејзината геополитичка местположба располага со сите компоненти за да би била успешна во глобалната економија.“

Поранешниот грчки министер за економија и финансии Јанос Папантониу истакна дека Турција како растечка и успешна економија располага со супер сила.

Поранешниот шведски премиер Фредрик Реинфелд во својот говор нагласи дека останувањето на Обединетото Кралство во ЕУ е мошне значајно и за Европа и за Велика Британија.

Реинфелд истакна дека доколку Обединетото Кралство се одлучи за излез од ЕУ најверојатно и Шкотска би можела да се оддели од Обединетото Кралство.




Слични вести