Свечено отворен 14-от Меѓународен саем за земјоделство во Коња

Влегувањето меѓу првите пет градови од аспект на надворешната трговија е една од приоритетните цели на градот Коња

457295
Свечено отворен 14-от Меѓународен саем за земјоделство во Коња

14-от Меѓународен саем за земјоделство во Коња свечено беше отворен од страна на министерот за царини и трговија Булент Туфенкчи.

На 14-от Меѓународен саем за земјоделство во Коња кој важи за најголем на Турција а трет во Европа, ќе учествуваат 1200 марки и 394 фирми од 21 земја.

Министерот Булент Туфенкчи во говорот што го одржа во оваа прилика рече дека влегувањето меѓу првите пет градови од аспект на надворешната трговија е една од приоритетните цели и потенцираше дека Коња го има тој потенцијал.

Земјоделството е извор на егзистенција на 2.5 милијарди жители во светот рече министерот Туфенкчи и додаде дека за жал, денес се повеќе се намалува продуктивноста во земјоделството. Според податоците на Светската банка, просечниот годишен пораст на основните житни култури заостанува во споредба со наталитетот на светската популација.

Затоа придаваме големо значење на земјоделската технологија поради што планираме со примена на модерната технологија да добиваме производи согласно светските стандарди.

По свеченото отворање на саемот, министерот Туфенкчи заедно со делегацијата во негова придружба го обиколија саемот.

Саемот кој се одржува во Центарот за меѓународни саеми на Коња (ТУЈАП) ќе биде отворен до 27 март.



Слични вести