Луфтханза откажа 156 летови кон и од Брисел

Во објавеното соопштение од Луфтханза се вели дека во периодот од 25 до 28 март биле откажани 156 летови за и од главниот град на Белгија, Брисел и дека откажувањето на летовите ќе влијае на приближно 12.300 патници

457686
Луфтханза откажа 156 летови кон и од Брисел

Германската авиокомпанија Луфтханза откажа 156 летови за и од главниот град на Белгија, Брисел.

Во објавеното соопштение од Луфтханза се вели следното: „Ги откажуваме сите летови за и од Брисел во периодот од 25 до 28 март. Тоа заедно и со откажаните летови во периодот од 22 до 24 март значи дека се откажани 156 летови од Франкфурт и Минхен.

Во соопштението се истакнува дека откажувањето на летовите ќе влијае на приближно 12.300 патници и дека за овие патници ќе сообраќа автобус од аеродромот во Франкфурт за Брисел.

Во истото соопштение стои и тоа дека авионските билети на патниците кои во наведените датуми ќе патуваат за Брисел или ќе доаѓаат од овој град ќе можат да се сменат бесплатно или да бидат откажани, и дека ова се однесува и на авиокомпаниите на Аустријан Ерлајнс, Луфтханза, Брисел Ерлајнс, Свис и Јуровингс кои се во состав на групацијата Луфтханза.



Слични вести