Измир e втор град со најголем извоз во Турција

Околу 6 насто од вкупниот извоз на Турција се остварува преку Измир

453615
Измир e втор град со најголем извоз во Турција

Министерот за економија Мустафа Елиташ рече дека Измир се наоѓа на второ место меѓу градовите со најголем извоз во Турција

Во говорот што го одржа на свеченото доделување на наградите во рамките на Неделата на иновации на Измир што се одржа под покровителство на Унијата на извозниците на Егејот, министерот Елиташ рече дека бисерот на Егејот, градот Измир, како од аспект на историјата така и денес со бројките за извоз докажа дека е еден од најзначајните градови на трговијата.

Со 4529 компании Измир денес извезува во вкупно 210 земји во светот и околу 6 насто од вкупниот извоз на Турција се остварува преку овој град, рече министерот Елиташ и акцентираше на значењето на извозот.

Во остварувањето на целите на 100 годишнината од формирањето на Републиката, извозниците имаат значајна задача, рече Елиташ и потенцираше дека една од целите е зголемување на извозот на турски марки и производи на светските пазари.

На крајот на свеченоста, на претставниците на 56 компании кои остварија најголем извоз од Егејот им беа доделени награди.



Слични вести