Путин и руските раководители со санкциите го казнуваат сопствениот народ

Развојот на турската економија воопшто не е поврзан за Русија и дека нема да биде

452845
Путин и руските раководители со санкциите го казнуваат сопствениот народ

Министерот за економија Мустафа Елиташ ја критикуваше одлуката на Русија за суспендирање на увозот на пиперки и калинки од Турција и рече:

Рускиот претседател и државните раководители, со спроведувањето на санкциите во суштина го казнуваат сопствениот народ. Треба да бидат свесни за тоа.

Во рамките на учеството на некои активности во Измир, министерот Елиташ рече дека развојот на турската економија воопшто не е поврзан за Русија и дека нема да биде.

Правилата на трговските и економски активности се многу различни, посочи министерот Елиташ и додаде дека контракцијата на пазарот со Русија, Турција го компензира во други земји.

Затоа вложуваме напори да влеземе во други побезбедни пазари, бидејќи Русија се стекна со епитет на земја која не ја почитува трговската етика, односно земја која не го исплатува долгот. Верувам дека Москва наскоро ќе има можност да сфати дека во суштина нанесува штета на своите граѓани.



Слични вести