Турското маслиново масло претставено во Јапонија

На Саемот Foodex Japan 2016 во јапонскиот град Чиба што во периодот од 8 до 11 март се одржа по 41-ви пат беше отворен штанд на кој беше претствено турското маслиново масло

449838
Турското маслиново масло претставено во Јапонија

Турското маслиново масло претставено во Јапонија...

Комитетот за афирмирање на маслинките и маслиновото масло (ЗЗТК) кон своите активности за афирмирање кои што ги води за презентација на турските маслинки и маслиновото масло и за проширување на своите пазари на извоз ја додаде и Јапонија.

Според објавеното соопштение од Унијата на извозниците на Измир на Саемот Foodex Japan 2016 во јапонскиот град Чиба кој што во периодот од 8 до 11 март се одржа по 41-ви пат беше отворен штанд на кој беше претствено турското маслиново масло.

Од страна на Комитетот за афирмирање на маслинките и маслиновото масло (ЗЗТК) посетителите на турскиот штанд беа послужени со маслинки и маслиново масло произведени во Турција.

Членот на Управниот одбор на Комитетот за афирмирање на маслинките и маслиновото масло (ЗЗТК) Ајкут Екер истакна дека Турција во 2013 и 2014 година извезе маслиново масло за Јапонија во вредност од 13 милиони 768 илјади долари.

Нагласувајќи дека Јапонија е земја која поголемиот дел од потребите од храна на своето население кое брои 130 милиони жители го обезбедува од увоз. Ајкут Екер рече: „Во текот на две години Јапонија стана трета земја во која остваривме најголем извоз. Тогапш кога ќе се зголеми количината на производство на маслиново масло во Турција Јапонија е во положба на земја во која нашиот извоз би можел да се зголеми неколкукратно.“



Слични вести