Европската централна банка донесе одлука за намалување на каматната стапка

Европската централна банка ја прошири програмата за месечен откуп на обврзници во износ од 60 милијарди евра

448743
Европската централна банка донесе одлука за намалување на каматната стапка

Европската централна банка донесе одлука за намалување на каматната стапка

На состанокот во Франкфурт, банката усвои одлука за намалување на каматната стапка од 5 насто на нула која се применуваше во рефинансирањето.

Каматната стапка на депозитните средства со пад од 10 поени се намали на - 0,4 насто.

Европската централна банка ја прошири програмата за месечен откуп на обврзници во износ од 60 милијарди евра која постапка ја започна лани во март.

Износот на откупот на средства, почнувајќи од април се зголеми месечно на 80 милијарди евра.

Претседателот на Европската централна банка Марио Драги на прес конференцијата што ја одржа по состанокот рече дека каматните стапки подолг период се движат по ниска стапка и дека се предвидува поголемо намалување.

По одлуката на Европската централна банка за намалување на каматната стапка и стимулативниот пакет како и одлуката за зголемување на износот на парите што ќе бидат пуштен во оптег, на европските пазари беше забележан пораст.

Но по изјавата на претседателот на Европската централна банка Драги дека не предвидуваат поголемо намалување на каматната стапка, беа доживеани остри падови на пазарот.

Еврото изгуби околу 1 насто вредност наспроти американскиот долар.



Слични вести