„Не е далеку целта на Турција за дочек на 50 милиони туристи“

Министерот за култура и туризам Махир Унал во Берлин им се обрати на туристичките работници и истакна дека не е далеку целта на Турција за дочек на 50 милиони туристи

447881
„Не е далеку целта на Турција за дочек на 50 милиони туристи“

Министерот за култура и туризам Махир Унал кој по повод саемот за Туризам престојува во посета на Берлин учествуваше на приемот што беше приреден во негова чест од страна на амбасадата на Турција во Германија.

Во оваа пригода министерот Махир Унал им се обрати на туристичките работници и истакна дека не е далеку целта на Турција за дочек на 50 милиони туристи.

Унал напомена дека присутните тешкотии во туризмот не произлегуваат од Турција и дека и покрај сите негативности Турција нема да скршне од својата цел.

Во тие рамки Унал потсети дека продолжуваат работите за остварување на поставената цел пред Турција за дочек на 50 милиони туристи во 2023 година.

Министерот за култура и туризам Махир Унал рече: „Затоа не е далеку и целта за остварување на туристички приходи од 50 милијарди долари. Турбуленцијата што ја доживуваме сега не е поврзана со туристичкиот сектор, туку произлегува од меѓународната конјуктура. Се соочуваме со турбуленција која произлегува од некои проблеми кои што се доживуваат во регионот на Турција. Не се соочуваме со одреден проблем во врска со презентацијата на Турција.“



Слични вести