Фич Рејтингс: Перформансот на раст на турската економија подобар од очекувањата

Искусниот директор и аналитичар за Турција на Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Фич Рејтингс“ Пол Гембл истакна дека перформансот на раст на турската економија е подобар од очекувањата

443079
Фич Рејтингс: Перформансот на раст на турската економија подобар од очекувањата

Искусниот директор и аналитичар за Турција на Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Фич Рејтингс“ Пол Гембл истакна дека во последните 6 месеци во Турција се појави стабилен изглед.

Гембл рече: „Ниските цени на нафтата доведоа до намалување на дефицитот на тековната сметка. Од друга страна гледаме дека се остварени развои и од аспект на финансирањерто на дефицитот на тековната сметка. Опадна процентот на јавниот долг во однос на националниот доход.“

Истакнувајќи дека политичкиот изглед во Турција е постабилен во споредба со периодот пред 6 месеци, но дека е забележан раст во геополитичките ризици, Гембл рече: „Ако погледнеме кон макроекономската страна, економскиот раст е во подобра состојба од она што се очекуваше. 2015 година беше силна година. Мислиме дека и 2016 година ќе биде добра година во смисла на економскиот раст. Оваа година очекуваме економскиот раст да изнесува околу 3,5-отсто. Истиот процент на раст се очекува и за идната (2017) година“

Пол Гембл додаде дека перформансот на раст на турската економија е подобар од очекувањата.



Слични вести