Турската авиокомпанија ТХЈ со рекордна заработка во 2015 година

Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) во 2015 година оствари нето заработка од 1 милијарда 69 милиони долари

441896
Турската авиокомпанија ТХЈ со рекордна заработка во 2015 година

Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) за прв пат во својата историја ја надмина границата од една милијарда долари и во 2015 година оствари нето заработка од 1 милијарда 69 милиони долари.

Турската авиокомпанија која во 2015 година оствари раст во својот капацитет од 13,6-отсто во текот на оваа година со процент на пополнетост од 78-отсто реализира 453 илјади летови и превезе вкупно 61,2 милиони патници.

Претседателот на Управниот одбор и Извршниот комитет на Турската авиокомпанија ТХЈ Илкер Ајџи истакна дека 2015 година помина крајно позитивно.

Ајџи рече: „И покрај интензивната конкуренција во глобалниот сектор и финансиските резултати од тоа, присутните политички и економски нестабилности во поблиската географија и бранувањата на девизниот курс, Турската авиокомпанија ТХЈ ја зачува својата позиција меѓу најпрофитабилните авиокомпании и во 2015 година.“



Слични вести