„Форбс“ ја соопшти листата на „100-те најбогати Турци“ за 2016

Најбогат Турчин во годинашната листа на „100-те најбогати Турци“ повторно веќе трета година по ред е претседателот на Управниот одбор на Јилдиз Холдинг Мурат Улќер со богатство од 2,9 милијарди долари

441702
„Форбс“ ја соопшти листата на „100-те најбогати Турци“ за 2016

Економското списание „Форбс“ ја објави листата на „100-те најбогати Турци“...

Според листата која беше соопштена со конференција за печатот и покрај тоа што во споредба со минатата година богатството му се намали за 1,5 милијарди долари Мурат Улќер, претседател на Управниот одбор на Јилдиз Холдинг, веќе трета година по ред стана најбогат човек во Турција, со богатство од 2,9 милијарди долари.

По Мурат Улќер и оваа година на второ место на листата се наоѓа претседателот на Управниот одбор на ФИБА Холдинг Хусну Озјегин со богатство од 2,6 милијарди долари, а на трето место е претседателот на Управниот одбор на Догуш Холдинг Ферит Шахенк со богатство од 2,4 милијарди долари.

Уредникот на „Форбс“ за Турција Бурчак Ѓувен истакна дека вкупното богатство на бизнисмените кои се наоѓаат на годинашната листа на „100-те најбогати Турци“ во споредба со минатата година е намалено за приближно 6 милијарди долари и бројот на милијардери од 33 е намален на 31.

Бурчак Ѓувен додаде дека оваа година на листата се наоѓаат 21 милијардер-жена и дека уделот на жените во вкупното богатство изнесува околу 18,9-отсто.



Слични вести