Во 2015 година во Турција влегоа и излегоа над 113 милиони патници

Минатата (2015) година бројот на патници кои влегоа и излегоа од Турција изнесуваше над 113 милиони од кои приближно 86 милиони 525 патници го користеа воздушниот сообраќај

441004
Во 2015 година во Турција влегоа и излегоа над 113 милиони патници

Според податоците на министерството за царина и трговија бројот на патници кои влегоа и излегоа од Турција во 2015 година изнесуваше 113 милиони 481 илјада 318 лица.

Приближно 86 милиони 525 патници го користеа воздушниот сообраќај.

Во бројот на патници кои патуваа со авион во 2015 година во споредба со претходната (2014) година е забележан раст од 4,7-отсто и вкупниот број на авиопатници достигна до 86 милиони 524 866 лица.

Во истиот период е остварен раст и во бројот на патници кои влегоа и излегоа од Турција преку поморските граници и тоа од 5,7-отсто и бројот на патници е зголемен на 4 милиони 459 илјади 35 лица.

Во бројот на патници кои влегоа и излегоа од Турција во 2015 година по копнен пат пак во споредба со претходната (2014) година е забележан пад од 3,2-отсто.

Така бројот на патници по копно изнесуваше 22 милиони 462 илјади 485 лица.

Минатата (2015) година во споредба со претходната (2014) година беше забележан пад и во бројот на патници кои влегоа и излегоа од Турција и по железнички пат и тоа со пад од 17,5-отсто, односно 34 илјади 932 лица.




Слични вести