Турција со поголема моќ на гласање во ММФ

Моќта на гласање на Турција во ММФ по реализираната реформа во претставувањето и гласањето е зголемена на 0,95-отсто

438037
Турција со поголема моќ на гласање во ММФ

Турција чија моќ на гласање во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) почнувајќи од 18 февруари е зголемена на 0,95-отсто се искачи на 20-сетото место меѓу земја со најголема моќ на гласање.

Во објавеното писмено соопштение од потсекретаријатот за финансии се потсетува дека со одлука на Советот на Гувернери на ММФ на 15 декември 2010 година беше одобрена Реформата за квота и раководство IMF-Fon 2010.

Во соопштението се укажува дека одлуката за која станува збор по исполнувањето на неопходните услови стапи во сила почнувајќи од 26 јануари 2016 година, а исто така се истакнува дека Турција го одобри предвиденото зголемување на квотата во рамките на оваа одлука и ги реализира потребните плаќања.

Во соопштението се вели следното: „Почнувајќи од 18 февруари 2016 година моќта на гласање на нашата земја која пред реформата во ММФ изнесуваше 0,61-отсто е зголемена на 0,95-отсто. На тој начин нашата земја е искачена на 20-сетото место меѓу земјите со најголема моќ на гласање во ММФ.“



Слични вести