Светската економија во 2016 година го постигна најнискиот раст во последните пет години

Единствено напредните економии ќе постигнат скромен раст, додека во економските активности на земјите во развој ќе дојде до забавување

435337
Светската економија во 2016 година го постигна најнискиот раст во последните пет години

Според претпоставките на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) соопшти дека светската економија во 2016 година го постигна најнискиот раст во последните пет години.

Во Извештајот за глобалната економска и привремената економска слика на ОЕЦД беше упатено предупредувањето дека достигнувањето силен раст во глобалната економија е тешка цел, поради што беше изнесена прогнозата дека единствено напредните економии ќе постигнат скромен раст, додека во економските активности на земјите во развој ќе дојде до забавување.

Во извештајот се истакнува дека трговијата и инвестициите ќе бидат слаби, ниската стапка на побарувачка ќе предизвика инфлација, додека во стапката на вработување нема да дојде до очекуваните подобрувања.

Годинава се очекува растот на глобалната економија да достигне 3 отсто, додека идната околу 3,3 отсто, беше истакнато во извештајот на ОЕЦД.

Според проценките на ОЕЦД; годинава во САД се очекува економски раст од 2, идната година од 2,2 отсто, додека во Англија во текот на годинава се очекува раст од 2,1 а идната 2,2 отсто. Во извештајот на ОЕЦД нема проценки за економскиот раст на Турција.



Слични вести