Тојота својот нов модел „Кросовер“ ќе го произведува во Турција

Новиот модел на Тојота од Ц-сегментот „Кросовер“ ќе се произведува во Турција ќе излезе од производната лента на крајот од годинава

431139
Тојота својот нов модел „Кросовер“ ќе го произведува во Турција

Новиот модел на Тојота од Ц-сегментот „Кросовер“ ќе се произведува во Турција.

За производството на новиот модел кој ќе излезе од производната лента на крајот од годинава ќе бидат обезбедени можности за дополнително вработување за 1000 лица и ќе биде остварена инвестиција од 450 милиони долари.

Директорот на Тојота Мотор за Европа д-р Јохан ван Зил истакна дека новиот модел на Тојота ќе биде произведен од страна на Турската автомобилска индустрија Тојота.

Велејќи дека новиот модел ќе биде прв „Кросовер“ кој ќе се произведува во Турција и ќе биде хибрид возило, Јохан ван Зил напомена дека заедно со производството на новиот модел автомобил капацитетот на производство на фабриката од 150 илајди ќе се зголеми на 280 илјади.

Генералниот директор на Тојота за продажба и маркетинг Али Хајдар Бозкурт пак истакна дека производството на новиот модел во Турција станува причина за возбуденост, дека минатата година во Турција биле продадени над 50 илјади автомобили Тојота и дека заедно со овој нов модел оваа бројка ќе може да се зголеми за уште 15-20 илјади автомобили.



Слични вести