Предаден 300-тиот авион на Турската авиокомпанија ТХЈ

На Турската авиокомпанија ТХЈ „Туркиш Ерлајнс“ свечено и беше предаден 300-тиот авион

428227
Предаден 300-тиот авион на Турската авиокомпанија ТХЈ

Турската авиокомпанија ТХЈ „Туркиш Ерлајнс“ го прими 300-тиот авион кој и беше предаден на компанијата со церемонија одржана на аеродромот Ататурк во Истанбул.

Претседателот на Извршниот комитет и Управниот одбор на Турската авиокомпанија ТХЈ Илкер Ајџи во говорот што го одржа на церемонијата истакна дека Турската авиокомпанија ТХЈ претставува приближно 2-отсто од економијата на Турција и дека има голема улога во растот на економијата на земјата.

Ајџи рече дека на церемонијата што се одржа по повод вклучувањето кон флотата на Турската авиокомпанија ТХЈ на новиот авион од типот Ербас А330-300 како 300-ти авион авиокомпанијата е дојдена во позиција на 13-та по големина авиокомпанија во светот.

Во внатрешниот дел на 300-тиот авион произведен од Ербас беа употребени опрема и материјали од домашно производство и беа заштедени 9 милиони долари.

Турската авиокомпанија ТХЈ „Туркиш Ерлајнс“ која летовите ги започна во 1933 година со само 5 авиони, во 2006 година имаше 100 авиони, а после 10 години бројот на авиони во својата флота го зголеми на точно 300 авиони.





Слични вести