Лагард предупреди за слабеење на глобалната економија

Претседателката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард истакна дека 60-отсто од земјите кои ја сочинуваат глобалната економија во последните години слабеат

427779
Лагард предупреди за слабеење на глобалната економија

Претседателката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард во говорот што го одржа на универзитетот Мериленд изнесе проценки во однос на економиите во подем и развој.

Лагард рече: „По се изгледа цените на нафтата уште извесен период ќе останат на ниско ниво.“

Привлекувајќи внимание кон тоа дека 60-отсто од земјите кои ја сочинуваат глобалната економија во последните години слабеат, Лагард напомена дека загрижуват глобалниот раст кој што забавува, загубите на пазарната вредност на средствата и одливот на капитал.

Кристин Лагард ја изнесе следната констатација: „Цените на нафтата и металите кои во споредба со своите највисоки вредности изгубија приближно 65 до 70-отсто од вредноста по се изгледа дека ќе останат на ниско ниво уште долго време.“

Претседателката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард ја потцрта специјалната одговорност на САД поради тоа што почна да се нормализира монетарната политика и рече: „ФЕД треба да воспостави добра комуникација и да продолжи да се однесува претпазливо.“



Слични вести