Во 2015 година издадени е-визи на над 6,3 милиони странци

Во 2015 година беа доставени 7 милиони 232 илјади 322 апликации за е-виза од кои им беа издадени визи на 6 милиони 343 илјади 581 странци

424321
Во 2015 година издадени е-визи на над 6,3 милиони странци

Минатата (2015) година за само 3 минути повеќе од 6,3 милиони странци со помош на Електронскиот систем за апликација за виза е-виза добија визи за Турција.

Според податоците на турското министерство за надворешни работи во 2015 година беа доставени 7 милиони 232 илјади 322 апликации за е-виза. Од нив беа издадени е-визи за 6 милиони 343 илјади 581 апликации, односно приближно 87-отсто од доставените апликации.

На тој начин во споредба со бројот на издадени визи во 2014 година минатата (2015) година беше постигнат раст во бројот на издадени визи од околу 17,4-отсто.

Земји за кои беа издадени најголем број визи беа Англија, Ирак, Холандија, Полска и Белгија.

Од 17 април 2013 година кога почна да се применува системот е-виза беа издадени некаде околу 12 милиони 497 илјади е-визи.

Барателите на виза преку интернет адресата „www.evisa.gov.tr“ за само приближно 3 минути можат да добијат виза.

Визата за Турција за патувања со туристичка и трговска цел се добива од дипломатско-конзуларните претставништва, на граничните премини и со апликација преку Електронскиот систем за апликација за виза е-виза.



Слични вести